Свет

СТО: Закрепнувањето на трговијата со стоки забавува на почетокот на 2021 година

22 Feb 2021

Светската трговија со стоки нагло се зголеми во четвртиот квартал на 2020 година, но трендот на раст покажува знаци на забавување, предупреди Светската трговска организација (СТО), нагласувајќи дека закрепнувањето зависи од ефекасната вакцинација против Ковид-19.

Барометарот за стокова трговија на СТО стоеше на 103,9 поени во последните три месеци од минатата година, сигнализирајќи континуирано закрепнување кое започна во третиот квартал, изразено во надминување на индексот на вредноста од 100 поени.

Трендот на закрепнување на извозните налози и трговијата со автомобили достигна врв и веќе покажува знаци на забавување, предупредува СТО.

Генерално, трендовите сугерираат дека трендот на пораст во трговијата наскоро може да достигне врв, ако тоа веќе не се случило, соопштија од СТО.

Тие исто така нагласуваат дека вкупната вредност на барометарот за стоков трговија не го одразува повторното ширење на Ковид-19 и појавата на нови варијанти на вирусот, „што секако ќе влијае на трговијата со стоки во првиот квартал на 2021 година”.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...