Свет

„Волмарт“ ги зголеми платите по силната продажба лани

19 Feb 2021

Американскиот „Волмарт“, еден од најголемите трговски синџири во светот, ги зголеми платите на работниците по успешниот финансиски резултат во 2020 година.  

Повисоки плати ќе добијат 425.000 работници во САД, при што просечната плата ќе биде 15 долари за час, за еден долар повеќе од лани. Со ова, околу половина од вработените на „Волмарт“ во САД ќе имаат саатница од 15 долари. Зголемувањето најмногу се однесува на работниците во онлајн службите и во магацините. 

Значително подобрените показатели на компанијата се разултат на Ковид-19 пандемијата и владините мерки со парични исплати за помош на населението, што резултираше зголемени продажби во супермаркетите. 

Според финансискиот извештај на компанијата, во четвртото тримесечје, што заврши на 29 јануари 2021 година, продажбите во продавниците на „Волмарт“ пораснале за 8.6 отсто, споредено со истиот период лани, надминувајќи ги прогнозите. Вкупниот доход на компанијата во овој пероид се зголемл за 7.3 отсто, до 152 милијарди долари. Во целина, во изминатата фискална година компанијата заработила 560 милијарди долари, што е за 6.7 отсто подобро од минатогодишниот резултат. 

За време на пандемијата, компанијата активно вложуваше во онлајн продажбите и диверсификција на својот бизнис, а ги зголеми и расходите поврзани со Ковид-19, како на пример зголемени исплати на вработените и мерки со парична помош.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...