Свет

„Рекит Бенкисер“ инвестира во фабрика во Мумбаи

04 Feb 2021

Светски познатиот производител „Рекит Бенкисер“ неодамна објави дека ќе инвестира 4 милиони фунти во компанија за производство на производи за бричење, со седиште во Мумбаи, Индија.

„Бомбај шејвинг компани“ е основана во 2016 година и вклучува портфолио од над 100 производи за бричење, козметика за нега на тело и лице.

„Рекит Бенкисер“ истакна дека со ова партнерство со индиската фабрика, значително ќе ја прошири својата деловна активност на глобално ниво.

Задоволни сме што сме партнер со тимот од „Бомбај шејвинг компани“. Нашата инвестиција е заложба за комбинирање на најдоброто од двата света - експертиза на оваа компанија во дигиталниот свет и можностите за е-трговија, како и експертиза на „Рекит Бенкисер“ во брендирање и производство. Заедно, оваа комбинација ќе биде формула за огромен успех, рече Арџун Пуркајаста, постар потпретседател за е-трговија и дигитал, во „Рекит Бенкисер“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...