Свет

„Амазон“ со платформа и на полски јазик

29 Jan 2021

„Амазон“ платформа за онлајн купување наскоро ќе биде достапна и на полски јазик, па локалните купувачи повеќе нема да мораат да нарачуваат производи преку страницата amazon.de. 

Од друга страна, откако оваа вест беше пласирана во јавност, акциите на домашниот онлајн трговец „Алегро“ забележаа пад од 7 отсто. 

„Амазон“ е присутен во Полска веќе неколку години,  но новата страница amazon.pl дополнително ќе ја поедностави доставата. Жителите на Полска ќе можат да нарачуваат производи на својот мајчин јазик, а трошоците за испорака ќе бидат многу помали. Покрај тоа, сега ќе има многу повеќе производи од домашни производители. 

Американскиот интернет трговец има 9 логистички центри во Полска. 

Поголемото присуство на „Амазон“ на полскиот пазар ќе ја засили битката за пазарниот удел во кој „Алегро“ досега имаше најголем дел. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...