Свет

Тужба за „Волмарт“ поради издавање лекови

28 Jan 2021

Американското министерство за правда поднесе тужба против малопродажниот синџир „Волмарт“, тврдејќи дека во продавниците незаконски се издавани строго регулирани медикаменти, вклучувајќи и опиоиди, кои докторите ги препишуваат на рецепт.

Министерството бара малопродажниот гигант да биде казнет со милијарда долари.

Од друга страна, „Вoлмарт“ тврди дека вработените ја вршеле својата должност и издавале лекови што на луѓето им ги препишувале овластени лекари. Во октомври минатата година компанијата превентивно поднесе тужба против Министерството за правда и Агенцијата за борба против наркотици, очекувајќи правна битка.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...