Свет

„Лидл“ им нуди на вработените по 200 долари за да се вакцинираат

22 Jan 2021

Германскиот дисконктен синџир „Лидл“ на своите вработени во САД кои се вакцинираат против Ковид-19 им понуди екстра надомест од по 200 долари, откако вакцината ќе стане подостапна во сојузните држави. 

„Лидл“ ја објави понудата по слични потези на неговите конкуренти на американскиот пазар како што се „Алди“ и „Долар џенерал корп“, како и компанијата за испорака на намирници „Инстакарт“, пренесува „Ројтерс“.

Паричната стимулација што ја нуди „Лидл“ за вакцинирање е меѓу најголемите што компанијата некогаш им ја понудила на своите американски работници.

„Лидл“ соопшти дека неговите вработени покажуваат голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерно истражување во кое скоро осум од 10 работници изјавиле дека планираат да се вакцинираат веднаш штом вакцината биде достапна.

„Лидл“ ги продава своите производи во повеќе од 125 продавници низ девет американски држави на источниот брег.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...