Свет

ТХГ ја презеде е-продавницата Dermstore

31 Dec 2020

ТХГ (The Hut Group) ја купи интернет-дрогеријата Dermstore.com од американскиот гигант „Таргет“.

Како што соопштуваат од компанијата тие го преземаа и управувањето со компаниите „Клермонт ингредиентс“ и „Дејвид Беримен“.

Вредноста на транскацијата за е-продавницата изнесува 287 милиони евра, додека за другите две компании одвоени се дополнителни 66 милиони евра. Dermstore.com, која станува сè посериозен играч на пазарот на производи за нега на кожа, досега беше во сопствеништво на најголемата малопродажна компанија во САД, „Таргет“.

Со купувањето на оваа е-продавница ТХГ високо се позиционира на пазарот за убавина и нега, додека со купувањето на другите две компании го засилува присуството во делот на храна за спористи.

Пристапот до капитал на Лондонската берза ни овозможи да ги забрзаме развојните плановии и да ја градиме водечката позиција на пазарот на козметиката, изјави Мет Молдинг, извршен директор на ТХГ.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...