Истражувачката агенција „Нилсен“ гледа можност за пораст на приватните трговски марки во 2021 година, кога се очекува нормализирање на малопродажбата низ цела Европа.
На презентацијата на саемот ПЛМА, кој годинава првпат се одржа во онлјн-формат, раководни лица на „Нилсен“ истакнаа неколку клучни фактори што можат да доведат до поголема заработка во сегментот приватни трговски марки.
Во 2021 година се очекува купувачите да посветуваат поголемо внимание на цената од кога било досега, додека се справуваат со економските тешкотии и неизвесноста поради пандемијата. Според проценките на истражувачката агенција, 2021 година ќе биде обележана со силен пораст на малопродажбата и големиот асортиман на приватни марки. Потрошувачите сега имаат поголема доверба во квалитетот на трговските брендови.
Истражувањето на „Нилсен“ покажува зголемен процент на доверба во квалитетот на приватните трговски марки, кој го достигнува нивото на А-брендовите.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.