Концернот „А. П. Мулер“ објави дека ја презеде компанијата за одржлива амбалажа „Ферх“. „А. П. Мулер“ е најпознат како сопственик на провајдерот на логистички услуги „Маерск“.
Вредноста на трансакцијата е околу 1,9 милијарди евра.
„Ферх“ го доживуваме како лидер за одржливи решенија за пакување на храна, изјави Јан Нилсен, шеф за инвестиции во данската компанија, додавајќи: Имаат одличен тим, силна поддршка од корисниците, а нивната додадена вредност се оперативните способности. Во рамките на „А. П. Мулер“, „Ферх“ ќе ја задржи лидерската позиција, а во план е и зголемување на инвестициите во капацитети за рециклирање.
Како што се наведува во соопштението, групацијата „Ферх“ сите амбалажи ги произведува од претходно користени материјали.
Групата „Ферх“ неодамна ја купи компанијата за пакување „Сирап“ во Италија, Шпанија и во Полска, а сега се стекна со нов сопственик. За аквизицијата да биде целосно завршена, се очекува дополнителна потврда од данските државни органи за заштита на конкуренцијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.