Италијанскиот гигант „Фереро“ најави аквизиција со британската компанија „Ит натурал“.
Купувањето на британскиот производител на висококвалитетни енергетски барови од житарки и од јаткасти плодови е обид на „Фереро“ да се насочи на асортиманот поздрави грицки. Финансиската вредност на аквизицијата сѐ уште не е позната.
Компанијата „Ит натурал“ е основана во 1997 година во Есекс и сега произведува дури 100 милиони различни барови годишно. Освен брендовите, „Фереро“ ќе го преземе и производствениот погон во Халстед, но ќе го задржи старото раководство и сите вработени.
„Фереро“ е една од најсилните кондиторски компании на светот, чиј консолидиран годишен промет надминува 11,4 милијарди евра. Портфолиото на групацијата ги вклучува брендовите Nutella, Ferrero Rocher, Tic Tac, Kinder и Raffaello, кои се продаваат на повеќе од 170 пазари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.