Свет

„Алберт Хеин“ поставува вендинг-машини во компании

18 Dec 2020

Трговскиот синџир „Алберт Хеин“, во соработка со „Селекта“, почна да поставува вендинг-машини во канцелариите во најголемите градови во Холандија.

Според интернет-порталот „Ритеил дитеил“, „Алберт Хеин“ во текот на следната година ќе инсталира машини AH to go во најмалку 100 компании.

Од седиштето на малопродажниот синџир веруваат дека по пандемијата, луѓето поретко ќе одат во канцеларија и почесто ќе работат од дома. Сепак, ако се појават во компанијата, тоа би било во невообичаено работно време, кога продавниците ќе бидат затворени. Во такви случаи, овие машини ќе бидат корисни.

Автоматите ќе ја нудат линијата AH to go, која се состои од свежи производи што обично ги има во продавниците на трговецот во одделот за храна и пијалаци. Купувачите ќе плаќаат за производите со скенирање, паметен телефон или со картичка. Трговецот има цел постепено да го воведува овој концепт и во болниците и во образовните институции.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...