На годинешната листа на „Форбс“ за 50. најбогати семејства во САД, на прво место е семејството Волтон, во чија сопственост е трговскиот синџир „Волмарт“. Вкупното богатство на ова семејство изнесува 247 милијарди долари.
На второ место е семејството Кох, кое управува со хемискиот гигант „Кох индустрис“. Овој американски клан има вкупно богатство во вредност од 100 милијарди долари. Трето е семејството Марс, сопственик на истоимената корпорација, производител на кондиторски производи (Mars, Milky way, Tvxk, Snickers, Skittles, M&M’s).
Потоа, на четврто место е семејството Каргил-Макмилан со 47 милијарди долари (компанија „Каргил“), по кое следува Лаудер со 40 милијарди долари (компанија „Есте Лаудер”). Од преостанатите семејства – Њухаус (издаваштво), Прицкар (хотелиерство), Кокс (медиуми) С. К. Џонсон (козметика, средства за хигиена), Е. К. Џонс (менаџмент на капитал), секое поединечно поседува богатство од 30 до 37 милијарди долари.
Според проценките на „Форбс“, вкупниот имот на 50-те најбогати семејства во САД изнесува 1,2 трилиони долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.