Свет

„Марс“ го презема „Кајнд норт Америка“

11 Dec 2020

Американската корпорација „Марс“, позната главно по производството на слатки (Mars, Milky way, Tvxk, Snickers, Skittles, M&M’s), го презема производителот на енергетски барови „Кајнд норт Америка“. Информациите за конечните детали сè уште не се познати, но вредноста на инвестицијата се преценува на околу 4,2 милијарди евра.

Брендот Kind вклучува енергетски барови и производи што содржат житарки и јаткасти плодови. Се рекламираат како богат извор на антиоксиданси, витамини и влакна, без шеќери, бои и засилувачи на вкусот и без конзерванси.

Во 2017 година „Марс“ купи мал дел од компанијата, која тогаш била една од најбрзо растечките во сегментот здрави грицки. „Кајнд“ продолжи со порастот и во февруари најави и проширување на асортиманот со вложување десетици милиони долари во нова линија на смрзнати производи.

„Марс“ влегува во приказната со својот диверзифициран синџир на снабдување, логистика, капацитетите за складирање и добрите можности за дистрибуција, изјави Даниел Лубетцки, основач на „Кајнд“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...