Свет

Се одржа првиот онлајн-саем на ПЛМА

11 Dec 2020

Под називот „Life is Good in Private Label“, ПЛМА годинава го одржа првиот меѓународен онлајн-саем „World of Private Label“ во Амстердам. Тоа беше деби на најголемиот виртуелен трговски настан од ваков вид.

Во текот на четирите дена, од 1 до 4 декември, беа претставени низа наменски саеми, специфични за одредени категории, на кои купувачите и доставувачите се состануваа и работеа на единствена, безбедна дигитална платформа, која е во сопственост на Здружението на производители на приватни трговски марки.

На најголемата дигитална B2B-платформа за приватни трговски марки во светот, беа регистрирани повеќе од 2.000 купувачи од супермаркети, хипермаркети, дисконти, дрогерии, трговски куќи и трговци на големо, како и увозници, извозници, агенти за продажба и експерти за пакување и дизајн, од 85 земји. Повеќе од 1.000 компании-изложувачи од 61 земја, вклучително и 20 национални и регионални павилјони, ги понудија најновите, најдобрите и најиновативните производи од приватните трговски марки.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...