Свет

Германија ги забранува пластичните кеси

09 дек 2020

Германскиот парламент изгласа забрана за пластични кеси во малопродажбата, почнувајќи од 2022 година, со тоа што и натаму ќе бидат дозволени тенки пластични кеси за пакување овошје и зеленчук и оние од подебел материјал наменети за повеќекратна употреба.  

Забраната ќе се однесува на пластичните кеси со дебелина меѓу 15 и 50 микрометри, односно на стандардните кеси кои се користат во малопродажбата. 

Неколку партии ја поддржаа забраната, со забелешки дека истата е повеќе „симболична“ или дека трендот на употреба на пластична амбалажа нема да се намали. 

Во последните две години повеќето од трговските синџири во целост ги исфрлија пластичните кеси од употреба. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...