Трговскиот синџир „Реве“ ја промовира својата приватна марка Ja како дел од рекламната кампања насочена кон конкуренцијата од дисконтерите.
Трговецот почна крос-медиумска кампања, но главниот фокус е насочен кон ТВ-спотот. На ТВ-рекламата се појавува пораката дека Ja е „Секогаш на попуст!“. Секој 1.000-ти купувач што купил барем по еден производ Ja од секоја од назначените продавници ќе биде награден со купон во вредност од 20 евра.
Кампањата вклучува и реклами за мобилните телефони, социјалните медиуми, аутдор-маркетинг и е-билтени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.