Свет

„Алибаба“ оствари рекордни приходи на Денот на самци

16 Nov 2020

Кинеската компанија „Алибаба“ постави нов рекорд во продажба на интернет во вредност од 56 милијарди долари за време на годинешниот празничен шопинг, Денот на самци, но тој подвиг беше во сенка на осум проценти пад на акциите на компанијата предизвикани од предложените нови кинески антимонополски регулативи.

Денот на самци е традиционален 24-часовен трговски настан во Кина кога продавачите нудат десетици милиони производи со огромни попусти на платформите за е-трговија управувани од „Алибаба“ и други играчи.

Кинескиот празничен шопинг има поголем промет од „црн петок“ и „сајбер понеделник“ заедно во САД. 

Оваа година, трговците на интернет JD.com и на „Алибаба“ го продолжија фестивалот за шопинг, кој започна на 1 ноември и ќе трае до 12 ноември до полноќ.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...