Швајцарската компанија „Нестлé“, односно нејзината подружница „Пурина“, претстави храна за кучиња и за мачки која содржи протеини од инсекти.
Со овој потег, швајцарската групација сака да тестира што повеќе одржливи решенија. Од компанијата соопштија дека ги следат потребите на купувачите-што повеќе потрошувачи сакаат да користат еколошки прифатливи производи. Најголемиот светски производител на храна верува дека ќе може полесно да им конкурира на помалите брендови, како што се Yora иInsectDog.
„Пурина“ почна со производство на линијата Beyond Nature's Protein, која првпат ќе се појави овој месец на пазарот во Швајцарија. Ќе биде достапна во две верзии: едната со пилешко, грав и протеини од ларви од мува, а другата од пилешко, свински џигер и просо. Двете производи ги има во верзии и за мачки и за кучиња.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.