Медицинската козметика Eucerin прославува 120-годишен јубилеј од создавањето на првиот производ.
Брендот Eucerin е основан точно во 1900 година, во време кога компанијата „Баерсдорф“ аплицира за патент на емулгаторот еуцерит (т.н. убавиот восок). Во тоа време еуцеритот се добивал со екстракција од волнените масти кај овците и на тој начин била создадена основата на Eucerin. Eucerinium Anhydricum е првата хидрофилна маст и воедно, првиот производ на Eucerin кој се користеше само во аптеките. Првиот сапун Eucerin е произведен во 1930 година, а во 1950 година е лансирана линијата pH5 Eucerin.
Во текот на годините брендот бележи развој, а од 90-тите години од минатиот век, навлезе и во најважниот и најголемиот сегмент за нега на кожата – нега на лице.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.