Магазинот „Форбс“, во соработка со компанијата за истражување на пазарот „Статиста“, објави листа на најпосакуваните компании за работа во 2020 година.
Анкетата, спроведена од јуни до јули годинава, опфатила 160.000 испитаници од 58 земји. Испитаниците се работници во интернационални компании.
Од учесниците било побарано да ја оценат подготвеноста за давање препораки за одредена компанија – на пријателите или на семејството. Тие требало и да оценат колку се задоволни од начинот на кој компанијата во која работат одговорила на пандемијата. Освен тоа, учесниците ги оценувале своите работодавци врз основа на имиџот, економското влијание на корпоративните активности, развојот на талентите, родовата еднаквост и општествената одговорност.
Во анкетата биле вклучени 750 големи корпорации што работат низ целиот свет, со седишта во 45 земји. Од нив се истакнале 10, по овој редослед: (1) „Самсунг електроникс“, (2) „Амазон“, (3) ИБМ, (4) „Мајкрософт“, (5) ЛГ, (6) „Епл“, (7) „Адоб“, (8) „Алфабет“ (Гугл), (9) „Сименс“, (10) „Бош“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.