Свет

„Асда“ ја отвори првата одржлива продавница

27 Oct 2020

На средината од месецов „Асда“ ја отвори првата продавница во Мидлтон, Велика Британија, чијшто фокус е одржливоста.

Трговецот во новата продавница ќе се обиде да ги избегне пластичните пакувања и ќе поттикнува повторна употреба на амбалажата, како и рециклирање. „Асда“ проценува дека оваа иницијатива ќе ѝ заштеди околу милион парчиња пластика годишно.

За да ја отвори продавницата, „Асда“ се здружи со силни брендови на пазарот – G Tips, Vimto, Kellogg's, Radox и Persil. Продавницата од овој формат е во фазата на тестирање, но како што истакнуваат од трговската компанија, пилот-проектот ќе им даде насоки и на другите трговци.

Наскоро ќе отвориме слични продавници низ целата земја. Рефус производите нема да чинат ништо повеќе од пакуваните производи во стандардните продавници на „Асда“, велат од компанијата.

Целта на „Асда“ е да стане трговец со нулта влијание врз климата најдоцна до 2040 година.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...