Свет

„Алибаба“ излегува на берза со најголема иницијална понуда досега

26 Oct 2020

Иницијалната јавна понуда (Initial Public Offering – IPO) на „Алибаба“ ќе биде најголема во историјата, тврди Џек Ма, основач на компанијата.

Ова е прв пат да се случи толку голема IPO, со историски димензии надвор од Њујорк, изјави Ма. Цената на акцијата за IPO ќе биде утврдена следната недела.

Извори блиски до „Алибаба“ велат дека IPO ќе вреди 35 милијарди долари, што би било повеќе од 29,4 милијарди долари, колку што изнесуваше претходниот рекорд на компанијата „Сауди Арамко“, од декември минатата година.

„Алибаба“ има удел од околу 80 проценти од целата е-продажба во Кина. Иако компанијата нуди и други интернет-услуги, повеќе од 80 проценти од приходите генерира од три трговски платформи, на кои продава сè – од игли за шиење и производи за деца, до мебел.

Во 2019 година е-гигантот оствари промет од околу 248 милијарди долари, а бројот на активни корисници се зголеми за 14 проценти, на 230 милиони, повеќе отколку што имаат Amazon.com и eBay заедно.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...