Најголемиот холандски малопродажен синџир „Алберт Хејн“ најави дека оваа есен значително ќе ја зголеми понудата на веганска и вегетаријанска храна, со цел да одговори на зголемениот интерес на купувачите за храна од растително потекло.
Трговецот соопшти дека иако има најголема понуда на вегански и вегетаријански производи во Холандија, сака и дополнително да го прошири асортиманот-затоа, оваа есен ќе претстави 70 нови категории од приватна трговска марка. Новата линија вклучува растително сирење, вегетаријански намази, колбаси од зеленчук, вегански плескавици и растителна храна која претставува замена за млечни производи.
Целта ни е да понудиме уште подобра храна која ќе биде достапна за сите. Некогаш беше незамисливо чинијата да не содржи месо, но времињата се променија, велат од „Алберт Хејн“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.