Свет

Полска: „Алегро“ дебитираше на берзата

14 Oct 2020

Најголемиот полски интернет трговец „Алегро“ зачекори на берзата, додека благодарејќи на пазарната капитализација од речиси 20 милијарди евра стана една од најголемите европски компании за онлајн трговија. 

Акциите на „Алегро“ дебитираа со удел кој порасна за 62,8 отсто над цената 9,71 евро, по која беше објавена понудата. Во тек на тргувањето е забележан пораст од 16 евра за акција. Тоа предизвика интерес кај инвеститорите, како кај поединци, така и кај фондови. Особено затоа што податоците покажуваат дека allegro.pl е четврта најпопуларна интернет страница во ПОлска и дека пред неа се само „Гугл“, „Јутјуб„ и „Фејсбук“. „Алегро“ е и 14 најпопуларна платформа за трговија во светот.

Во последните 12 месеци, на платформата се направени 32 милиони купувања секој месец-63 отсто од популацијата во ПОлска над 16 години и 76 отсто од вкупната популација во земјата купуваат преку allegro.pl.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...