
Унгарската влада планира да го раскине дваесетгодишниот концесиски договор со кој две компании добија ексклузивно право за снабдување на националната мрежа продавници за тутун.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Владата на Унгарија планира да го раскине дваесетгодишниот концесиски договор склучен за време на претходната администрација на Виктор Орбан, со кој две компании добија ексклузивно право за снабдување на националната мрежа продавници за тутун, изјави Давид Витези, министер за сообраќај и инвестиции, пренесува „Ројтерс“.
Оваа мерка е дел од политиката на премиерот Петер Маѓар, насочена кон укинување на деловните аранжмани воспоставени во текот на 16-годишното владеење на Орбан, за кои критичарите тврдат дека фаворизирале политички поврзани компании.
Според законскиот предлог што ќе биде упатен до парламентот, концесијата би требало да биде укината на 1 јуни 2027 година, значително пред планираниот истек во 2035 година.
„Наша цел е да го укинеме приватниот монопол што беше воспоставен без конкуренција и што остварува исклучително висока профитабилност, како и да вратиме транспарентна регулатива“, наведе Витези.
Компанијата „Нешнал тобако ритејл саплај компани“ (ODBE), во сопственост на унгарската подружница на компанијата „Бритиш американ тобако“ и на компанијата „Табан трафик“, ја доби концесијата во 2015 година за да посредува меѓу производителите и малопродажните објекти низ целата земја.
Витези истакна дека ODBE работи во монополска позиција, со маржа дефинирана со закон и многу поволни услови на плаќање.
„Ексклузивното право беше доделено без вистинска конкуренција или транспарентен тендер, што според наше мислење е спротивно на прописите на Европската унија“, изјави министерот.
Од компанијата ODBE соопштија дека го анализираат нацрт-законот и дека нема да го коментираат предлогот додека не биде објавена конечната верзија.
„Нешнал тобако ритејл саплај компани, како и во претходните 11 години, ќе продолжи обезбедувањето сигурно и доверливо снабдување да го смета за своја најважна задача“, се наведува во соопштението на компанијата.
Предложениот закон би им овозможил на поголем број учесници на пазарот, вклучувајќи ги и самите производители, директно да ги снабдуваат продавниците за тутун, под услов да ги исполнуваат законските критериуми. Предлогот предвидува и промена на начинот на пресметување на трговските маржи. Според сегашните правила, маржите на трговците автоматски растат кога се зголемуваат акцизите на тутунските производи. Во иднина маржите би биле врзани за нето-цената на производот, што значи дека зголемувањето на даноците повеќе нема автоматски да носи поголеми приходи за трговците.
Витези нагласи дека предложените измени не влијаат директно врз мрежата на унгарски продавници за тутун, чиј деловен модел Министерството за економија во моментов го разгледува во посебна постапка.
Фото: Freepik