
Западен Балкан од 2004 година од Европската инвестициска банка (EIB) доби 3,4 милијарди евра за финансирање стратешки патни проекти.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Западен Балкан од 2004 година од Европската инвестициска банка (EIB) доби 3,4 милијарди евра за финансирање стратешки патни проекти, е истакнато во Извештајот за влијанието на EIB Global за 2025–2026 година, кој го опфаќа работењето на Банката надвор од Европската унија.
Овие средства овозможија унапредување и развој на 37 проекти за патна инфраструктура во регионот и помогнаа во мобилизирање инвестиции во вкупен износ од 6,9 милијарди евра.
Поддршката на EIB придонесе за унапредување на повеќе од 4.700 километри патишта од прв и втор ред на Западен Балкан. Од нив, околу 1.600 километри се дел од приоритетната трансевропска транспортна мрежа (TEN-T) што минува низ регионот. Во текот на минатата година EIB потпиша договори за значајни проекти за патна и железничка инфраструктура, како што е модернизацијата на железницата во Албанија на Коридорот VIII, што ќе придонесе за поодржлив транспорт, отворање нови работни места и побрзи трговски текови.
Проектите имаат корист и од иницијативата Тим Европа, која обединува поволно финансирање, неповратни средства од ЕУ преку Инвестициската рамка за Западен Балкан и техничка експертиза.
„EIB е долгорочно посветена на унапредување на сообраќајната инфраструктура низ Западен Балкан. Подобрата транспортна поврзаност значи пократко време на патување, пониски трошоци и подобар пристап до пазарите, што придонесува за јакнење на регионалната интеграција, привлекување инвестиции и одржлив раст“, изјави Ричард Амор, директор на EIB за работење во земјите од проширувањето и соседството на Европската унија.
EIB кон крајот на 2025 година ја исполни обврската да поддржи инвестиции вредни 100 милијарди евра во рамките на стратегијата на ЕУ „Глобален портал“, чија цел е до 2027 година да се мобилизираат до 300 милијарди евра за стратешки инвестиции ширум светот. Во рамките на таа иницијатива, EIB, на пример, склучи договор за кредит вреден 150 милиони евра за унапредување на патната мрежа во Србија, со цел подобрување на поврзаноста, безбедноста и отпорноста на климатските промени.
Пошироко гледано, во текот на минатата година EIB склучи договори за финансирање во вкупна вредност од 1,3 милијарди евра за проекти во земјите-кандидатки за членство во ЕУ (не сметајќи ја Украина), како и во државите од т.н. Источно соседство. Што се однесува до влијанието на овие проекти, се очекува тие да овозможат снабдување со електрична енергија за 1,7 милиони домаќинства, да го подобрат пристапот до здравствена заштита за 1,2 милиони луѓе и да поддржат 1,1 милион дополнителни возења со јавен превоз годишно.
Во текот на 2025 година Групацијата EIB продолжи со реализацијата на својот „План за климатско дејствување на Банката“, обезбедувајќи средства во висина од 5,1 милијарди евра за финансирање на климатското дејствување и одржливоста на животната средина надвор од ЕУ. Клучните зелени инвестиции на Западен Балкан вклучуваат финансирање на ветерна електрана во Босна и Херцеговина и железнички проекти во Албанија и Црна Гора.
Покрај финансиските средства, EIB обезбедува и техничка помош за да им помогне на земјите да ги вклучат климатските ризици во планирањето на проектите и да ја забрзаат реализацијата на зелените инвестиции. Преку советодавната програма „Озеленување на финансиските системи“ EIB ги поддржува Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Албанија во изработката на рамки за климатски ризици, понатамошното унапредување на националните зелени таксономии и поттикнувањето зелени инвестиции во малите и средните претпријатија.
Фото: EIB