
„Теско“ им обезбедува три дена или 21 час платено отсуство на вработените што ќе пријават искуство со семејно насилство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Теско“ воведе гарантирано платено отсуство за вработените што се соочуваат со семејно насилство, овозможувајќи им дополнително време за пристап до поддршка, обезбедување лична безбедност и преземање практични чекори кон обнова на животот.
Новата политика, воведена во соработка со Usdaw, најголемиот признаен синдикат во компанијата, на вработените што ќе пријават искуство со семејно насилство им обезбедува три дена или 21 час платено отсуство („Safe Leave“). Ова време може флексибилно да се користи за активности како присуство на судски рочишта, обезбедување итно сместување, менување брави, организирање грижа за децата или разделување на финансиите.
Како најголем приватен работодавач во Обединетото Кралство, со околу 300.000 вработени, „Теско“ оваа мерка ја воведува доброволно, тргнувајќи од ставот дека работодавците имаат важна улога во пружањето поддршка на лицата што трпат семејно насилство, се наведува во соопштението на синџирот.
Менаџерите низ компанијата поминаа обука за препознавање на знаците на семејно насилство, пружање поддршка на вработените погодени од насилство и упатување кон специјализирани служби за помош. Во текот на овој процес „Теско“ нема да бара од жртвите да доставуваат формални докази ниту повторно да минуваат низ трауматичните искуства.
Политиката е развиена со насоки од организацијата Employers’ Initiative on Domestic Abuse (EIDA), мрежа од повеќе од 2.000 работодавци во Обединетото Кралство посветени на борбата против семејното насилство.
„Семејното насилство е едно од најразорните прашања со кои денес се соочува нашето општество, а неговите последици не престануваат кога лицето ќе дојде на работното место. За некој што минува низ насилство, секојдневните активности како одење на судско рочиште, наоѓање ново место за живеење или воспоставување нови финансиски аранжмани може да претставуваат клучни чекори кон безбедност и независност. Како најголем приватен работодавач во Обединетото Кралство, веруваме дека имаме одговорност да ги поддржиме вработените во веројатно едни од најтешките моменти во нивниот живот. Затоа воведуваме гарантирано отсуство Safe Leave, за да им овозможиме на вработените пристап до практична поддршка и времето што им е потребно, без грижа за неплатено отсуство или објаснување на длабоко лични околности. Горди сме што го преземаме овој чекор и сакаме да ги поттикнеме и другите работодавци низ Обединетото Кралство да го сторат истото. Никој не би смеел да бира меѓу својата работа и својата безбедност“, порача Ема Тејлор, директорка за човечки ресурси во компанијата „Теско“.
Фото: Unsplash