
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот бренд за чоколада Ritter Sport оваа есен го проширува своето присуство во САД со лансирање производи во продавниците Target низ целата земја, нови DUO чоколади во голем формат и три сезонски производи со фокус на карамела, пишува FoodBev.
Почнувајќи од овој месец, Ritter Sport DUO чоколадите од 7,7 унци ќе бидат достапни во 900 продавници Target низ земјата, со што брендот ги воведува своите чоколади во поголем формат кај еден од водечките американски трговци. Понудата ги вклучува Sweet & Salty DUO и новиот Cookie DUO.
Sweet & Salty DUO комбинира крем од карамела и парчиња солен путер-кекс со чоколаден brownie, додека Cookie DUO на едната страна комбинира чоколаден крем со крцкави парчиња кекс, а на другата крем од ванила со парчиња какао и ванила-кекс. Двете комбинации се прелиени со млечно чоколадо.
Проширувањето во Target е проследено и со лансирање три нови сезонски производи со карамела наменети за есенската сезона. Mixed Caramel Minis содржи три варијанти – Caramel Pretzel, Caramel Popcorn и Double Caramel Crunch – во сезонско самостоечко пакување. Caramel Choco Cubes, од друга страна, се мали залчиња од млечно чоколадо со два слоја карамела.
„Премиум германското чоколадо Ritter Sport започнува со висококвалитетни состојки, но оживува преку возбудливите комбинации на вкусови и формати поради кои потрошувачите со нетрпение сакаат да откријат што следно ќе понуди брендот. Од нашите нови DUO чоколади до есенските иновации со карамела, продолжуваме да внесуваме нови искуства во категоријата чоколади кои се усогласени со сезоната, истовремено останувајќи верни на посветеноста кон квалитетот, разновидноста и иновациите по кои сме познати“, изјави Крис Ејвери, потпретседател за продажба во „Ритер Спорт САД“.
„Во Ritter Sport на чоколадото гледаме како на придружник и на секојдневните моменти и на посебните пригоди. Од нашите сезонски иновации до редовното портфолио, посветени сме на производство на висококвалитетно чоколадо кое природно се вклопува во моментите во кои потрошувачите најмногу уживаат“, додаде Сара Фамулари, потпретседателка за маркетинг во „Ритер Спорт САД“.
Според податоците на „Нилсен“, Ritter Sport бил најбрзорастечкиот премиум бренд за чоколада во САД во периодот од 52 недели заклучно со 11 јули 2026 година, набљудувано низ сите продажни канали во земјата.
Семејната компанија е основана во 1912 година, со седиште во Валденбух, Германија, додека вториот производствен погон работи во Брајтенбрун, Австрија. Компанијата има и зависни друштва на меѓународните пазари.
„Ритер Спорт“ вработува приближно 1.900 луѓе, а во текот на 2024 година остварила продажба од 605 милиони евра. Брендовите Ritter Sport и Amicelli се продаваат во повеќе од 100 земји.