
„Хелеон“ оствари органски раст на приходите од 2,6 отсто во третиот квартал, на 2,8 милијарди фунти, под очекувањата на компанијата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Органскиот раст на приходите на групацијата „Хелеон“ изнесуваше 2,6 отсто во третиот квартал, на 2,8 милијарди фунти (3,36 милијарди евра), со раст на цените од 2,1 отсто и раст на обемот/миксот на продажбата од 0,5 отсто.
Географски гледано, во Северна Америка органските приходи пораснаа за 2,5 отсто, со охрабрувачки напредок и силна реализација кај брендовите Sensodyne и Centrum, чија потрошувачка растеше со двоцифрени стапки.
Органските приходи во Европа се намалија за 0,6 отсто, при што цените пораснаа за 2,1 отсто, додека обемот/миксот опадна за 2,7 отсто. Во азиско-пацифичкиот регион (APAC), органскиот раст на приходите изнесуваше 3,9 отсто, со пад на цените од 0,3 отсто и раст на обемот/миксот од 4,2 отсто.
Меѓународното работење, сегмент што ги опфаќа Латинска Америка, Блискиот Исток, Африка и индискиот потконтинент, оствари органски раст на приходите од 6,9 отсто, со раст на цените од 5,6 отсто и раст на обемот/миксот од 1,3 отсто.
По категории, оралната нега бележи раст на приходите од 8,8 отсто, витамините, минералите и суплементите пад од 0,5 отсто, аналгетиците раст од 0,5 отсто, респираторното здравје пад од 2,0 отсто, дигестивното здравје раст од 2,5 отсто, додека негата на кожата и останатите категории бележат пад од 0,7 отсто.
„Органскиот раст на приходите од 2,6 отсто во третиот квартал беше под нашите очекувања, бидејќи се соочивме со послаба побарувачка во одделни категории, вклучително и помала потрошувачка на производи за кашлица, настинка и грип. Остваривме силни резултати во сегментот орална нега, а нашиот план за закрепнување на работењето во Северна Америка продолжува да дава резултати. Јасно ни е во кои области мора да напредуваме и веќе преземаме мерки за да оствариме подобри резултати и покрај предизвикувачките пазарни услови. Наш клучен приоритет останува остварувањето посилен раст на обемот на продажбата и враќањето кон доследно исполнување на среднорочните цели за раст“, изјави Брајан Мекнамара, извршен директор на „Хелеон“.
Компанијата издвои дополнителни 500 милиони фунти (околу 580 милиони евра) за откуп на сопствени акции, кој би требало да заврши до објавувањето на резултатите за фискалната 2026 година во февруари 2027.
Во фискалната 2026 година компанијата очекува органски раст на приходите од околу 2,5 отсто, како и раст на прилагодената оперативна добивка со висока едноцифрена стапка.
Фото: „Хелеон“