
Германскиот трговски синџир „Пени“ месецов отвори четири нови продавници во Италија, со што ја заокружи годинава со број на маркети токму колку што има и денови во годината – 365.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Германскиот трговски синџир „Пени" месецов отвори четири нови продавници во Италија, со што ја заокружи годинава со број на маркети токму колку што има и денови во годината – 365.

Последниот, кој беше отворен во Пјаченца, воедно е и првиот продажен објект на трговецот во тој северноиталијански град и 10. во регионот Емилија-Ромања, пренесува локалниот весник „Ил Пјаченца". Асортиманот во сите продавници го сочинуваат бројни производи, меѓу кои локални специјалитети, приватни трговски марки, како и познати глобални брендови.
Претходно, „Пени" – Италија отвори три продажни објекти во регионот Ломбардија, во општините Абјатеграсо, Кјари и во Молфета.
Отворањето на новите маркети е дел од плановите на трговецот да инвестира 200 милиони евра за период од две години, од кои, 96 милиони евра биле инвестирани годинава.