
Според најновото рангирање на „Форбс“, најбогатите жени-милијардери во 2016 година се од FMCG-секторот.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Според најновото рангирање на „Форбс", најбогатите жени-милијардери во 2016 година се од FMCG-секторот.
Најбогатата жена во светот има моќ од 36,1 милијарди долари, а тоа е Французинката Лилиан Бетанкур, сопственичка на компанијата „Лореал". Второто место е за Елис Волтон, која има 32,2 милијарди долари на сметка. Тоа е и дамата со најголем скок во листата, бидејќи пред една година наследничката на корпорацијата „Волмарт" беше на 16. место на листата. Третото место е за Жаклин Марс – наследничка на корпорацијата „Марс", која според „Форбс" има 23,4 милијарди долари.
Листата на десетте најбогати дами во светот завршува со Италијанката Максимилијан Алеоти, која има средства проценети на 10,1 милијарди долари.