
„Маркс и Спенсер“ (M&S) преговара управувањето со своите продавници во Грција и Чешка да им го довери на франшизни партнери.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Маркс и Спенсер“ (M&S) води преговори за доверување на управувањето со своите продавници во Грција и Чешка на франшизни партнери, во рамките на стратегијата за забрзување на меѓународниот раст со помалку директни вложувања, пренесува „Гросери газет“.
Преговорите опфаќаат 27 продавници во Грција и 15 продавници во Чешка, а потенцијалните договори би можеле да бидат склучени во текот на следната година.
M&S работи во Грција од 1990 година, додека на чешкиот пазар влезе во 1996 година. Компанијата соопшти дека бара партнери подготвени да вложуваат во развојот на работењето на двата пазари.
„M&S гледа потенцијал за раст и во Чешка и во Грција, со поддршка на посветени вработени, квалитетни производи и силна доверба во брендот“, наведоа од компанијата.
Се додава дека овие разговори се дел од пошироката стратегија за меѓународен развој заснована на поедноставни и трошковно поефикасни партнерски модели.
Предложениот модел подразбира M&S да престане директно да управува со продавниците во овие две земји, додека секојдневните операции би ги презеле локалните партнери. Засега ниту еден договор не е склучен, а компанијата не го објави идентитетот на потенцијалните франшизери.
Компанијата истовремено се подготвува за отворање на својот најголем меѓународен Foodhall формат во Дубаи во декември, со повеќе од 3.500 прехранбени производи од асортиманот достапен во Велика Британија. Со новата продавница ќе управува долгогодишниот франшизен партнер „Ал-Футајм“, а проектот е дел од пошироката експанзија на Блискиот Исток, која подразбира отворање уште четири локации во текот на следната година.
M&S го засили присуството и во Азија со потпишување нов франшизен договор на Филипините во јуни оваа година.
Фото: InStore