
„Јунајтед груп“ ги објави финансиските резултати за првите девет месеци од 2026 година, со меѓугодишен раст на приходите и на прилагодената EBITDAal од 8%.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Јунајтед груп“ ги објави финансиските резултати за деветте месеци од 2026 година, заклучно со 30 септември, со меѓугодишен раст на приходите и на прилагодената EBITDAal од 8%.
Приходите пораснаа за 8% во однос на истиот период од претходната година и достигнаа 2,15 милијарди евра. Растот е остварен благодарение на ICT проектите, органскиот раст на бројот на корисници, зголемувањето на цените, унапредувањето на продажбата кај постојните корисници и поголемите приходи од мобилни уреди. Просечниот приход по корисник (ARPU) на ниво на сите пазари на кои работи Групацијата се зголеми за 6%, на 18,2 евра, додека приходите на лизгачка годишна основа (последните 12 месеци) достигнаа 2,9 милијарди евра, што претставува меѓугодишен раст од 7%.
Прилагодената EBITDAal порасна за 8%, на 734,5 милиони евра, со раст на секој од четирите клучни телекомуникациски пазари. EBITDAal маржата се зголеми на 34,2%, во однос на 33,6% на крајот на првото полугодие, благодарение на продолжената контрола на трошоците. Прилагодената EBITDAal на лизгачка годишна основа достигна 979 милиони евра, што претставува меѓугодишен раст од 8%.
Капиталните издатоци, без капитализираните закупи, се намалија за 8%, на 502,3 милиони евра. Тоа е првенствено резултат на пониските вложувања во оптичката мрежа во Грција, каде што изградбата се приближува кон завршната фаза, како и на фактот што во набљудуваниот период немаше трошоци наменети за спектар. Заедно со растот на заработката, тоа придонесе за зголемување на конверзијата на готовина за 76%, на 232,2 милиони евра.
Групацијата продолжи и да го оптимизира своето портфолио преку целна продажба на одделни деловни целини. Во август 2026 година беше завршена продажбата на сопственичкиот удел од 50% во компанијата „Нова ICT“ на компанијата „Ајреон технолоџис“, за 60,5 милиони евра, при што беше остварена капитална добивка од 46,7 милиони евра. По добивањето на регулаторните одобренија, на 24 август 2026 година Групацијата ја заврши продажбата на „Адрија њуз“ во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Словенија, додека на 1 октомври 2026 година беше завршена и продажбата на компанијата „Д експрес“ на Австриската пошта.
„Нашите резултати за првите девет месеци ја потврдуваат отпорноста на нашето работење. Сите наши клучни пазари забележаа раст на приходите и на заработката, што е потврда за силата на нашите локални тимови. Растот на заработката и пониските капитални издатоци доведоа до значително подобрување на конверзијата на готовина, што дополнително ја потврдува ефикасноста на нашиот оперативен модел. Оваа година, исто така, успешно спроведовме значајна програма за рефинансирање и продолживме да го насочуваме работењето кон нашите клучни области – телекомуникации, медиуми, инфраструктура и нови деловни потфати. Остануваме посветени на дисциплинирана алокација на капиталот, вложувања во нашите мрежи и платформи, како и создавање долгорочна вредност за сите наши засегнати страни“, порача Стен Милер, извршен директор на „Јунајтед груп“.
Фото: „Јунајтед груп“