
„Фриком“ во својот асортиман на замрзнат зеленчук носи практични решенија за разновидни и нутритивно богати оброци со брза подготовка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Забрзаниот начин на живот често остава малку време за подготовка на квалитетни оброци, но тоа не значи дека треба да се посегне по нездрава храна. Затоа „Фриком“ во својот асортиман на замрзнат зеленчук носи практични решенија за сите што сакаат разновидни и нутритивно богати оброци, со едноставна и брза подготовка.
Мешавините Frikom Kinoa и Frikom Bulgur се два различни, практични избори за сите што сакаат да внесат иновативност во секојдневната исхрана. Заедничко им е тоа што лесно се подготвуваат и се богат извор на протеини и хранливи материи. Лесно се комбинираат со различни производи, без разлика дали се служат со месо, риба или зеленчук.
За оние што сакаат повеќе бои и зеленчук во својата чинија, Frikom Garden Mix носи практична комбинација што лесно се вклопува во различни оброци. Идеално се сложува со ориз или тестенини, а може да се послужи и како самостоен прилог. Љубителите на поинтензивни вкусови можат да го изберат и Frikom Pikant Mix. Неговиот посилен вкус особено доаѓа до израз кога се служи со јадења од месо, но и со друг зеленчук. Се подготвува брзо и едноставно во тава и е однапред зачинет.
Своето место во кујната го заслужува и новиот Frikom спанаќ со зачини. Брзо и едноставно се подготвува за помалку од 10 минути – доволно е само да се загрее во сад, со што се добива готов оброк.
„Фриком“ на својата веб-страница нуди и забавна анкета со која потрошувачите можат да откријат кој тип личност најдобро ги опишува нивните навики при подготовката на храна, како и да преземат неделно мени.
Фото: „Фриком“