
Производителот на безалкохолни пијалаци „Кока-кола“ ќе ја затвори фабриката во Пјештјани, Западна Словачка и ќе го премести локалното производство во други погони.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Производителот на безалкохолни пијалаци „Кока-кола" ќе ја затвори фабриката во Пјештјани, Западна Словачка и ќе го премести локалното производство во други погони.
Одлуката за тоа каде производството од Словачка ќе биде преселено, ќе биде донесена во текот на следните неколку недели, изјави Сузан Лонцен, портпарол на „Кока-кола Хеленик" – Австрија.
Во погонот во Пјештјани, словачката „Кока-кола" во изминатите 20 години произведуваше минерална вода, безалкохолни пијалаци и овошни сокови во шише. Како што се наведува, фабриката што вработува околу 100 луѓе, ќе биде затворена од финансиски причини, а складишниот и логистичкиот центар ќе бидат распуштени кон крајот на следната година.