
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
„Карлсберг Група“ ќе го прошири стратешкото партнерство со „ПепсиКо“ преку нови договори според кои ќе стане партнер на „ПепсиКо“ за полнење пијалаци во Грузија и Ерменија. Ова следува по неодамна најавеното проширување на партнерството во Азербејџан.
Според договорите, „Карлсберг“ ќе биде одговорен за производството, продажбата и дистрибуцијата на портфолиото безалкохолни пијалаци на „ПепсиКо“ низ Грузија и Ерменија, со што ќе се зголеми достапноста на брендовите на PepsiCo за потрошувачите и купувачите во регионот.
Дополнително, вклучувањето на овие два пазара ќе создаде силен кластер во Јужен Кавказ, каде што „Карлсберг“ ќе има придобивки од веќе добро воспоставеното и успешно работење во Азербејџан.
„Карлсберг“ постигна договор за преземање на компаниите „Ибериа Рифрешментс“ во Грузија и „ЈИ Пепси Кола Ботлер Ерменија“ од „Ревери“, актуелниот сопственик на двете компании. „Ибериа Рифрешментс“ и „ЈИ Пепси Кола Ботлер Ерменија“ моментално се партнери на „ПепсиКо“ за полнење пијалаци на своите пазари.
Планираните аквизиции ќе претставуваат важен следен чекор во развојот на двете компании и ќе создадат можности за продолжување на растот. Договорите за аквизициите се потпишани, додека трансакцијата што се однесува на „ЈИ Пепси Кола Ботлер Ерменија“ е предмет на регулаторно одобрение од Владата на Ерменија. По завршувањето на целокупната трансакција, Грузија и Ерменија ќе станат пазари на кои работи „Карлсберг Група“.
Кога најновите договори ќе стапат во сила, „Карлсберг“ ќе има договори со „ПепсиКо“ за полнење пијалаци на 17 пазари: во Обединетото Кралство, Ирска, Норвешка, Шведска, Швајцарија, Казахстан, Киргистан, Лаос и Камбоџа, како и во Данска, Финска, Естонија, Летонија и Литванија од 2029 година, Азербејџан од 2027 година и во Грузија и Ерменија по завршувањето на планираните аквизиции.
„Возбудени сме поради проширувањето на нашето долгогодишно партнерство со „ПепсиКо“ во Грузија и Ерменија. Пред околу два месеца го најавивме проширувањето на партнерството со „ПепсиКо“ во Азербејџан, а сега се радуваме на забрзувањето на работењето на „ПепсиКо“ и истражувањето дополнителни можности во Грузија и Ерменија. Проширеното работење ќе обезбеди силна платформа за понатамошен развој на целокупното портфолио од различни категории пијалаци низ регионот“, изјави Никос Калајцидакис, извршен потпретседател за Централна и Источна Европа и Индија во „Карлсберг Група“.
„Карлсберг“ веќе долги години е важен стратешки партнер на „ПепсиКо“ за полнење пијалаци, а овие договори ни обезбедуваат посилен пристап до пазарите во Грузија и Ерменија, комбинирајќи го портфолиото на PepsiCo со капацитетите на „Карлсберг Група“ за да ја овозможиме следната фаза на раст. Додека продолжуваме да го развиваме нашето работење со пијалаци во Европа, оваа проширена соработка ја поддржува нашата стратегија за раст насочена кон потрошувачите и помага во создавањето долгорочна вредност за потрошувачите, купувачите и нашето работење“, додаде Наталија Филипоцијантс, виша потпретседателка и генерален директор за меѓународни пијалаци за Европа во „ПепсиКо“.