
Компанијата „Карлсберг“, еден од најголемите светски производители на пиво, извести за пораст на продажбата на пазарите во Источна Европа и во Азија, која ги надмина очекувањата.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Карлсберг", еден од најголемите светски производители на пиво, извести за пораст на продажбата на пазарите во Источна Европа и во Азија, која ги надмина очекувањата.
Приходот од продажбата во првиот квартал беше зголемен за 2 отсто на 2 милијарди долари, соопштија од компанијата. Анализата што претходно ја објави „Блумберг" предвидуваше пораст од 1,3 отсто.
Добро ја почнавме оваа година, изјави Чејзет Харт (Cees ’t Hart), извршен директор на компанијата.
„Карлсберг" годинава очекува значителен пораст во Азија, каде во земјите како што се Виетнам и Мјанмар, се бори за пазарен удел со конкуректот „Хајнекен". Тој пораст, како што велат од компанијата, би требало да го надомести остриот пад на продажбата во најголемиот и најзначајниот пазар – Русија.
Харт, кој по потекло е Холанѓанец, на чело на „Карлсберг" дојде во јуни минатата година. Тој спроведува стратегија за намалување на одредени трошоци со затворање на одделни производни погони и намалување на бројот на вработените. Минатиот месец Харт изјави дека директорите ќе добијат бонус од 120 отсто во однос на платата, доколку компанијата оствари заштеда од 350 милиони долари до 2018 година.