
Грција ќе воведе национален систем за враќање на кауција за еднократна амбалажа за пијалаци, чиј официјален почеток се очекува во текот на 2027 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Грчката организација за рециклирање (EOAN) му издаде лиценца на операторот „ДРС Хелас“ за воспоставување и управување со националниот систем за враќање на кауција за еднократна амбалажа во Грција.
Официјалниот почеток на работата на системот се очекува во текот на 2027 година, кога се предвидува најголемиот дел од потребната опрема да биде поставен и оперативен. На овој чекор му претходеше повеќегодишен период на подготовки, кој започна уште во 2020 година.
Системот на депозитен надоместок ќе се однесува на пластична и метална амбалажа за пијалаци со зафатнина до три литри. Потрошувачите при купувањето на производот ќе плаќаат дополнителен надоместок, кој ќе им биде вратен кога празната амбалажа ќе ја однесат на овластено место за враќање.
Според информациите што ги објави „ДРС Хелас“, износот на повратниот надоместок ќе биде 0,10 евра за амбалажа со зафатнина до 0,5 литри, односно 0,15 евра за амбалажа со зафатнина од 0,5 до три литри.
Враќањето на парите ќе се врши во форма на потврда, која потрошувачите ќе можат да ја искористат за купување во продавниците вклучени во системот.
Амбалажата ќе може да се враќа преку автоматски апарати за прифаќање амбалажа, кои ќе бидат поставени во избрани супермаркети и на јавни локации, како и на рачни места за враќање во одделни малопродажни објекти.
Системот нема да опфаќа стаклена амбалажа, картонска и повеќеслојна амбалажа, ниту амбалажа за вино, жестоки алкохолни пијалаци, млеко и млечни производи.
Воведувањето на системот во Грција е дел од поширокиот европски тренд. Регулативата на ЕУ за амбалажа и амбалажен отпад (PPWR), која стапи на сила во 2025 година, предвидува државите-членки до 1 јануари 2029 година да обезбедат одделно собирање на најмалку 90% од еднократните пластични шишиња за пијалаци и металната амбалажа за пијалаци со зафатнина до три литри.
Депозитните системи за амбалажа за пијалаци веќе се оперативни во 17 држави-членки на ЕУ: Австрија, Хрватска, Данска, Естонија, Финска, Германија, Унгарија, Ирска, Латвија, Литванија, Малта, Холандија, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Шведска. Шпанија законски го предвиде неговото воведување, но системот сè уште не е оперативен. Системот го имаат и Норвешка и Исланд, а се планира негово воведување и во Велика Британија.
Фото: Freepik