
Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM се сомнева дека компаниите од групацијата „Еуроспин“ им ги одредувале продажните цени на франшизните продавници.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Еуроспин“ се најде под истрага во Италија откако регулаторот за заштита на конкуренцијата AGCM изрази сомнеж дека компаниите од групацијата им ги одредувале продажните цени на франшизните продавници и ги спречувале да ја продаваат стоката по пониски цени.
Според наводите на регулаторот, компаниите за тоа наводно користеле софтвер за управување со касите, преку кој наметнувале одредени малопродажни цени. Ваквата практика, според сомнежите на AGCM, опфаќала речиси целиот асортиман на продавниците „Еуроспин“ и ја ограничувала ценовната конкуренција меѓу поединечните објекти.
AGCM предупредува дека ваквото постапување би можело да има негативни последици за потрошувачите, особено во период на високи цени на храната.
Регулаторот испитува дали наводното одредување на малопродажните цени може да претставува прекршување на членот 101 од Договорот за функционирањето на Европската унија, кој ги забранува договорите и практиките што ја нарушуваат пазарната конкуренција.
Претставници на AGCM и на италијанската финансиска полиција на 18 ноември извршија контрола на деловните простории на компаниите „Еуроспин Италија“, „Спеза интелиџенте“ и „Еуроспин Тиреника“, како и на повеќе продавници од нивната франшизна мрежа, пренесува „Ројтерс“.
Фото: „Еуроспин“