
„Асда“ отвори нова продавница Asda Express во Дипкат, а во 2027 година планира уште 14 вакви продавници низ Обединетото Кралство.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Асда“ отвори нова продавница Express во округот Сари, со што започна нова фаза во развојот на својот формат на продавници од типот convenience.
Отворањето на продавницата во Дипкат донесе 10 нови работни места, а на потрошувачите им нуди широк асортиман свежи, ладени и трајни прехранбени производи, како и пиво, вино и жестоки пијалаци.
За прв пат во мрежата Asda Express, просторот за подготовка на пекарски производи и пултот со топла храна се преместени директно во продажниот простор, што им овозможува на вработените да подготвуваат свежи производи во текот на целиот ден и поефикасно да ги услужуваат купувачите.
Продавницата нуди повеќе од 3.000 брендирани производи и производи од приватна марка, наменети како за помали дополнителни купувања, така и за купување оброци или производи за секојдневни потреби.
Достапни се и дополнителни услуги, вклучувајќи подигнување и враќање пратки преку компаниите „ТуЈу“, „Еври“ и „Амазон“, како и апарат за кафе Costa Coffee.
За дополнителна погодност, овозможена е и брза достава преку платформите Uber Eats, Just Eat и Deliveroo.
Продавницата е опремена и со електронски ознаки за цени, кои го олеснуваат управувањето со цените и го унапредуваат искуството при купување.
Во рамките на планот за проширување, синџирот има намера во текот на 2027 година да отвори уште 14 продавници Asda Express низ Обединетото Кралство.
„Отворањето на продавницата во Дипкат означува нова фаза од нашата стратегија за развој на форматот Express, со уште 14 локации планирани за следната година. На тој начин производите и ниските цени на Асда ги доближуваме до уште поголем број заедници низ Обединетото Кралство. Со комбинација на поволни цени, квалитетна понуда на храна за носење и практични секојдневни услуги под еден покрив, дополнително им го олеснуваме купувањето на нашите купувачи“, изјави Џозеф Сатон, директор на секторот Asda Express, гориво и големопродажба.
Оваа експанзија се надоврзува на лансирањето на концептот Asda Convenience порано оваа година, кога компанијата започна пилот-проект за големопродажно снабдување преку партнерство со независниот оператор „Ван-О-Ван“ во три продавници во Глазгов.
Фото: „Асда“