
Двата најголеми шпански производители на маслиново масло понудија 520 милиони евра за мнозинскиот удел во „Деолео“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Двата најголеми шпански производители на маслиново масло, „Ацесур“ и „Дкооп“, ги здружија силите со намера да преземат мнозински удел во компанијата „Деолео“, најголемиот светски производител и дистрибутер на маслиново масло, пишува Olive Oil Times.
Како што пренесува весникот, компаниите поднесоа заедничка понуда вредна 520 милиони евра за сопственикот на брендовите Carbonell, Bertolli, Carapelli, Koipe и Maestros de Hojiblanca, надминувајќи ја понудата од 500 милиони евра што претходно ја поднесоа италијанската групација „Коричели“ и компанијата „Мигаса“ од Севиља.
Доколку биде реализирана, заедничката аквизиција би им овозможила на „Ацесур“ и „Дкооп“ речиси целосна контрола врз холдинг-компанијата „Деолео холдинг“, која управува со оперативното работење на компанијата „Деолео С.А.“
Склучувањето на трансакцијата сè уште зависи од регулаторните одобренија, вклучително и согласностите на антимонополските тела во Шпанија и во САД, како и одобрението на италијанските власти за директни странски инвестиции.
Трансакцијата бара и согласност од останатите акционери на „Деолео“, вклучително и компанијата „Оле инвестментс“, која формално се обврза дека ќе го поддржи договорот. Јапонската компанија „Мизкан“ исто така мора да потврди дека нема да го раскине договорот за лиценцирање на брендот Bertolli најмалку два месеци по завршувањето на преземањето.
„Деолео“ очекува целиот процес да трае меѓу шест и осум месеци, а дотогаш со компанијата ќе управува постојниот менаџерски тим.
Поддршка за договорот изразија и Гонзало Гиљен, извршен директор на „Ацесур“, и Антонио Луке, претседател на „Дкооп“, нагласувајќи го значењето на задржувањето на поголемиот дел од приходите од меѓународната продажба на производите на „Деолео“ во Шпанија.
„Деолео“ во 2025 година оствари приходи од 821 милион евра, EBITDA од 50 милиони евра и нето-добивка од 20 милиони евра.
Фото: „Деолео“