
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
По речиси две децении на чело на компанијата, Душан Кнежевиќ го завршува својот професионален пат во „Златиборац“ и заминува во пензија, соопшти компанијата.
Како што соопштија од компанијата, функцијата генерален директор ја презема Радан Турудиќ, кој новата позиција ќе ја извршува паралелно со досегашната функција директор за општи и правни работи и човечки ресурси.
Турудиќ е дел од „Златиборац“ од 2013 година. Во текот на повеќе од една деценија работа во компанијата стекнал богато искуство, добро се запознал со работењето и заедно со колегите учествувал во растот и развојот на компанијата.
„Преземањето на одговорноста за раководење со компанијата како генерален директор за мене претставува голема чест, но и обврска. „Златиборац“ го сочинуваат луѓето, нивното знаење, искуство и посветеност и верувам дека токму преку заедништво, одговорност и меѓусебна доверба ќе продолжиме да градиме компанија на која можеме да бидеме горди“, изјави Турудиќ.
Компанијата му се заблагодари на Душан Кнежевиќ за речиси две децении посветеност и придонес и му посака добро здравје и исполнетост во новото животно поглавје.
На новиот генерален директор Радан Турудиќ, компанијата му посака успех во новата улога и многу добри одлуки во периодот што следува.