
Трговскиот синџир „Хоше комерц“ ја промовира акцијата „BH. korpa“, со која се приклучи кон националната кампања на Босна и Херцеговина за купување домашни производи „Kupujmo domaće“ („Да купуваме домашно“).
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Трговскиот синџир „Хоше комерц" ја промовира акцијата „BH. korpa", со која се приклучи кон националната кампања на Босна и Херцеговина за купување домашни производи „Kupujmo domaće" („Да купуваме домашно").
Во супермаркетот на „Хоше" во Хаџиќи беше поставена првата стилски дизајнирана џиновска корпа, инспирирана од орнаментите на традиционалната босанска куќа, во која, за почеток, ќе бидат изложени производите на пет босанско-херцеговски брендови: хартиените марамчиња Violeta, соковите Swity, кафето Merka kava, виршлите Ovako и јогуртите Meggle.