
Официјално најуспешната гринфилд инвестиција во БиХ, фабриката „Перутнина Птуј“ во Бреза одбележа 10 години успешно работење.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Официјално најуспешната гринфилд инвестиција во БиХ, фабриката „Перутнина Птуј" во Бреза одбележа 10 години успешно работење.
Во овој период се остварени значителни деловни резултати со што ја задржува лидерската позиција на пазарот во БиХ, а реализирана е и последната инвестиција - современ централен дистрибутивен центар.
Минатата година оваа фабрика произведе повеќе од 6.100 тони преработки, реализираше приход поголем од 100 милиони КМ. Постојано вработени се 316 луѓе.
Сестринската компанија во БиХ, која произведува живинско месо, „Перутнина Птуј" од Српац, има 240 постојано вработени и 103 кооперанти. „Перутнина Птуј С" и „Перутнина Птуј" - БХ, покрај останатото, имаат пет најсовремени дистрибутивни центри, сопствена малопродажна мрежа и споствени методи за исполнување на сите стандарди на квалитет, сигурност и следливост.
По повод промоцијата на инвестицијата и одбележувањето на 10. работење на фабриката, директорот на компанијата „Перутнина Птуј" БХ, Младен Андриќ, им врачи признанија на вработените кои десет години ѝ се лојални на компанијата.