
Компанијата „Свислион Таково“ отвори уште една „Слатка куќа“ во Нов Белград.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Компанијата „Свислион Таково" отвори уште една „Слатка куќа" во Нов Белград.
Продавницата се наоѓа на булевар „Арсениј Чарноевиќ", бр. 95-97, во рамки на грчко-кипарскиот центар, а се простира на површина од 160 квадратни метри.
Новата „Слатка куќа" на потрошувачите им нуди производи од асортиманот на компанијата „Свислион Таково".
„Слатка куќа" е синџир на малопродажни објекти, специјализиран за продажба и промоција на солени и слатки производи од концернот „Свислион Таково". Продажната мрежа ја сочинуваат 110 малопродажни објекти низ цела Србија, како и продавници во земјите од регионот.