
Филип Рабузин е новиот директор за маркетинг и член на менаџерскиот тим на компанијата „Хајнекен“ – Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Филип Рабузин е новиот директор за маркетинг и член на менаџерскиот тим на компанијата „Хајнекен" – Хрватска.
.jpg>)Тој ќе биде одговорен за управување со брендовите на компанијата, меѓу кои се Karlovačko, Laško, Heineken, Amstel, Krušovice и Stari Lisac. Претходно, тој работеше како раководител на производите од водечкиот сегмент и беше задолжен за брендот Karlovačko и за неговите екстензии.
Рабузин ќе го наследи Роберто Џулијано, кој во „Хајнекен" – Хрватска беше три години и значително продонесе за проширување на портфолиото на компанијата, кое сега е зголемено трипати, како и за воведување на новата категорија – сајдери. Тој е заслужен и за модернизацијата на визуелниот идентитет на Karlovačko, како и за проширувањето на неговото „семејство" со воведување на екстензии, како што се Karlovačko Natur Radler, непастеризираното Karlovačko Retro и нефилтрираното Karlovačko Rezano. Џулијано решил да ја прифати новата предизвикувачка позиција во „Хајнекен" – Италија.