
Деловниот систем „Меркатор“ го издвои своето големопродажно работење во посебна компанија, „Меркатор кеш енд кери“.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Деловниот систем „Меркатор“ го издвои своето големопродажно работење во посебна компанија, „Меркатор кеш енд кери, велепродаја д.о.о.“, пренесува TED.
Новото друштво на 2 ноември 2026 година ги презеде сите права и обврски поврзани со пренесената дејност, се наведува во известувањето за јавна набавка објавено на порталот TED.
Промената веќе се одразува на испораките на прехранбени производи до јавните институции. Управата на Република Словенија за извршување кривични санкции во рамковниот договор за набавка на прехранбени производи сега како добавувач ја наведува компанијата „Меркатор кеш енд кери“, наместо Деловниот систем „Меркатор“. Како причина е наведено правното наследство по издвојувањето на големопродажната дејност.
„Меркатор“ на својата веб-страница наведува дека во Словенија работи со девет Cash&Carry центри, кои се наоѓаат во Блед, Кршко, Луција, Мурска Собота, Ново Место, Постојна, Птуј, Љубљана и Шкофја Лока.
Како што пренесува „Форбс“, синџирот во текот на 2027 година планира да реновира 26 продавници и да отвори три нови продавници.
Весникот „Дело“ наведува дека се подготвува и преселување на управата на компанијата од деловната зграда на улицата Дунајска 155 во Љубљана, која ја продаде компанијата за недвижности од составот на „Фортенова група“.
Фото: „Меркатор“/„Фортенова група“