
Во Словенија „Лидл“ ги претвори популарните производи од своите полици во рачно изработени стаклени украси за елка.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Популарните производи од полиците на „Лидл“ добија ново руво и се претворени во симпатични украси за елка во Словенија, а приказната дополнително ја заокружува единствениот привезок што го изработија членовите на здружението Junaki 3. nadstropja.
Златниот хрскав кроасан, на сите добро познатата дупчалка Parkside и виралните патики на „Лидл“ оживеаја како рачно изработени стаклени украси. Оваа ограничена колекција не е достапна во редовна продажба, туку купувачите можат да ја освојат во актуелните наградни игри на профилите на „Лидл“ на социјалните мрежи Facebook, Instagram и TikTok.
Празничната приказна со препознатливи мотиви ја заокружуваат посебните рачно изработени празнични украси што ги направија децата и младите од здружението Junaki 3. nadstropja.
„Лидл Словенија“ оваа година со празнична донација ја поддржува нивната хуманитарна акција Okraski čarobnosti („Украси на волшебноста“), преку која здружението собира средства за уредување на просториите на хематолошко-онколошкото одделение на Педијатриската клиника во Љубљана.
„Веруваме дека токму овој украс е најубавиот потсетник за она што е навистина важно за време на празниците“, порачуваат од „Лидл Словенија“ и ги повикуваат сите да ја поддржат оваа хуманитарна иницијатива.
Единствениот „украс на волшебноста“ може да го добие секој што ќе донира 15 евра или повеќе на здружението, а сите информации за учеството во акцијата се достапни на веб-страницата на здружението Junaki 3. nadstropja.
Фото: „Лидл“