
Купувачите го препознаваат „Лидл“ како водечки тровски синџир во Хрватска кога станува збор за свежо овошје и зеленчук - покажало големото истражување на свежите производи од „Лидл“ спроведено во 57 градови во Хрватска.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.
Купувачите го препознаваат „Лидл" како водечки тровски синџир во Хрватска кога станува збор за свежо овошје и зеленчук. Ова го покажало големото истражување на свежите производи од „Лидл" спроведено во 57 градови во Хрватска, со 5.900 испитаници, направено од агеницјата за истражување „Ипсос".
Резултатите покажале дека граѓаните на Хрватска го препознаваат „Лидл" како трговски синџир бр. 1 кога станува збор за свежо овошје и зеленчук. Притоа, 85 отсто од купувачите во „Лидл" изјавиле дека „Лидл" има квалитетно овошје и зеленчук, а 86 отсто се согласиле дека „Лидл" има добар сооднос на цените и на квалитетот на овошјето и зеленчукот.
Истражувањето било спроведено со компјутерски поддржано телефонско интервјуирање во текот на февруари и на март 2017 година, со купувачи на категоријата свежи производи во трговските синџири.
Вториот круг од истражувањето покажал дека производите на „Лидл" се одлично прифатени од хрватските граѓани и дека купувачите денес се понаклонети кон т.н. паметен избор при купувањето, односно да добијат вредност за парите што ги даваат.
Генералната определба на „Лидл", како што велат во компанијата, е да им овозможи на купувачите најдобар квалитет за најдобра цена.