
Во празнична атмосфера во продавницата „Супер Конзум“, на ул. „Ложионичка“ бр.18, претставени се многубројните активности во текот на десетгодишното работење во БИХ и најавени се плановите за 2016 година.
InStore.mk e онлајн поддршка на магазинот InStore, месечен магазин за трговија со стока за широка потрошувачка.
Магазинот во С.Македонија се издава од 2011 година, првично како самостоен проект на Кликер Маркетинг, под називот Target, а подоцна како дел од регионалното издание InStore, со канцеларии во Белград, Љубљана, Загреб, Сараево, Скопје и во Подгорица.
InStore е единствениот B2B трејд магазин во С.Македонија и се дистрибуира до целната група: трговци, произведувачи, дистрибутери и придружната индустрија. Магазинот го нема во слободна продажба. Секој заинтересиран може да се претплати на истиот.
Доколку работите во FMCG-секторот и сакате да го добивате InStore на вашата поштенска адреса, пополнете го формуларот и ќе ве контактираме. Полињата се задолжителни. Податоците се за интерна база и нема да бидат употребени за други цели.

Во празнична атмосфера во продавницата „Супер Конзум", на ул. „Ложионичка" бр.18, претставени се многубројните активности во текот на десетгодишното работење во БИХ и најавени се плановите за 2016 година.
Оваа година, за „Конзум" – БИХ беше посебна, бидејќи одбележуваме 10 години успешно работење во БИХ. Тоа е јубилеј што им припаѓа на нашите вработени, на купувачите и на деловните партнери, бидејќи без нив „Конзум" немаше да биде овде. Во оваа година реализирани се многубројни активности, бидејќи сакавме на сите да им се заблагодариме за верноста што ни ја подарија изминативе години, истакна Давид Долинар, директор на „Конзум" – БИХ.
Денес, „Конзум" – БИХ има 259 продавници со различни формати во 69 градови и повеќе од 4.500 вработени. Трговскиот синџир соработува со 700 доставувачи, од нив повеќе од 400 се домашни производители, а на полиците може да се најдат повеќе од 8.000 производи од БИХ.
Во оваа година пласиравме околу 16.000 тони домашно овошје и зеленчук, повеќе од 2.000 тони домашно пилешко месо, над 130 тони домашна риба, 11,2 милиони литри домашно млеко, 25 милиони свежи јајца... Во наредната година продолжуваме со реновирање на нашите продавници и најавувам отворање нови 10 објекти во БИХ, што секако ќе придонесе за нови вработувања, нагласи Аднан Штета, изврешен директор на „Конзум" – БИХ.